Добредојдовте
Почитувани посетители.
Добредојдовте во Ресторан - Осоговски Бисер.
На надморска височина од 1.650 метри, 20 км северно од Кочани, на Осоговските Планини, сместен во предел со густа букова шума и разновидна вегетација, се наоѓа туристичкиот центар Пониква.
Во самиот центар на туристичкиот центар Пониква ќе го пронајдете Ресторанот Осоговски Бисер. Сместен во реновирана и адаптирана стара воена зграда, го доловува духот на Осоговијата. Автентичниот македонски амбиент ќе ви овозможи да поминете незаборавни моменти исполнети со прекрасниот македонски мелос и со македонската трпеза, богата со дивеч и разновидни специјалитети од Осоговското поднебје.
Околината на Ресторанот Осоговски Бисер се карактеризира со природните убавини, еколошки чистиот амбиент и поволната клима. Па затоа, моментите поминати во Ресторанот Осоговски Бисер ќе можете да ги надополните со незаборавни прошетки низ прекрасната природа.
Разгледајте ја нашата веб страница за да се запознаете подетално со Ресторанот Осоговски Бисер и неговата околина. Повелете, посетете не.